Голубовски со Миленко на Фактор 5

Posted on јули 28, 2010 by МкБ.
Categories: политика.
YouTube Preview Image YouTube Preview Image YouTube Preview Image

Браво!!!

Благодарност до Владимир Голубовски и Александар Момироски.

Зошто сме сиромашни?

Posted on јуни 25, 2010 by МкБ.
Categories: општество, политика.

Зошто граѓаните на Македонија се сиромашни?

Пред се поради огромниот број ситни или големи поткраднувања. Во секоја трансакција барем за третина сме украдени од напумпаните цени на некоја монополска компанија (олигарсите) или од превисоките даноци на државата (политичарите) или од каматите на банките (светските богаташи – глобалистите). Оваа спрега олигарси, државен апарат, светските богаташи го крадат секој граѓанин на секој чекор, при секој разговор на мобилен, при секоја трговска трансакција. Цената на електричната енергија е напумпана, цената на горивото е напумпана, на секој повик од мобилен реалното време се продолжува за неколку секунди. Ако е блиску до минута се додаваат неколку секунди. Ветените пониски промоции одеднаш го потрошиле кредитот бидејќи не важеле за овој или оној ден, што било премолчено или тивко изменето. И со мал милион на ситни измислени трикчиња се одзема од она кое му припаѓа на обичниот граѓанин врз чиј труд живее оваа паразитска спрега. Сето тоа клучно влијае на финансиската состојба на секој граѓанин кој не е дел од  лоповската спрега.

Прочитајте ја само оваа статија во врска со електричната енергија.

Каде одат парите за ангажирана моќност?

ЕЛЕМ и МЕПСО негираат дека надоместокот од 33,3 проценти за ангажирана моќност што граѓаните го плаќаат во сметките за струја завршува на нивно конто, како што вчера пренесе нашиот весник

- Не е точно дека ЕВН наводно ги префрла кај ЕЛЕМ и МЕПСО парите од ангажираната моќност. Напротив, треба да ги префрла, затоа што ЕЛЕМ обезбедува производен капацитет, а МЕПСО преносен капацитет, но тие услуги ЕВН не ни ги плаќа, туку со тарифниот систем ги задржува за себе – реагираат од ЕЛЕМ и од МЕПСО.

Од „ЕВН-Македонија“ објаснуваат дека ангажираната моќност претставува расположлив капацитет на мрежата што му овозможува на потрошувачот да користи електричната енергија во секое време и според потребите во рамки на одобрениот капацитет. На пример, кога ќе го вклучите вашиот апарат или светлото во домот, вие со тоа имате можност веднаш да почнете со трошење електрична енергија, која, всушност, ви стои на располагање во секое време во системот. Ангажираната моќност од 33 отсто во сметките за електрична енергија е утврдена од Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со тарифниот систем на Република Македонија. Во одредени земји, ангажираната моќност е дел од самата цена, а кај нас е транспарентно издвоена согласно постоечката регулатива, тврдат од ЕВН. Делот што припаѓа на останатите енергетски компани од системот, односно МЕПСО и ЕЛЕМ е вкалкулиран во производствената, односно преносната цена по која му ја продаваат електричната енергија на „ЕВН-Македонија“, објаснуваат од оваа компанија.

Автор: А.С.Д

Какви се овие дефиниции: „ангажираната моќност претставува расположлив капацитет на мрежата што му овозможува на потрошувачот да користи електричната енергија во секое време и според потребите во рамки на одобрениот капацитет. На пример, кога ќе го вклучите вашиот апарат или светлото во домот, вие со тоа имате можност веднаш да почнете со трошење електрична енергија, која, всушност, ви стои на располагање во секое време во системот.“
Зарем тоа не се подразбира дека електричната енергија треба да биде постојано на располагање, зарем тоа го немаше претходно пред да постои оваа фамозна „ангажирана моќност“. Еве јас не сакам „ангажирана моќност“ и како вие ќе обезбедите „неангажирана моќност“ во која ќе имам струја непостојано и повремено?
Веќе се измислвуаат такви апсурдни финансиски товари за кои не може ни оправдување да се измисли.

Апел до сите хумани луѓе!!!

Posted on јуни 11, 2010 by МкБ.
Categories: политика.

Спировски Роберт, роден на 26.11.1995 година од село Раотинце, Тетово, боледува од малиген рак на бели дробови. Потребно е да се изврши операција на 20.06.2010 година во Австрија, за операцијата се потребни големи парични средства, до 50 000 евра. Пренесуваме АПЕЛ до сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат, да донираат на следнава жиро сметка: 290500003085014 ТТК Банка. По молитвите на Пресвета Богородица и на сите светии, Господ Исус Христос, нека го помилува Роберт, нека ги помилува и сите кои ќе допринесат за да се изврши операцијата. Господ, Бог, нека ни помогне на сите и нека ни даде колку сака, што сака и кога сака. АМИН.

Апелот го достави здружението за негување на православни вредности.

ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО ЗНАЧИ ОБЈАВА НА ВОЈНА!

Posted on јуни 3, 2010 by МкБ.
Categories: општество, политика.

03 јуни 2010 година, Скопје, Македонија – Актот за промена на државното име Македонија значи објава на војна! Евентуалната промена на државното име никогаш нема да има историска и правна важност, затоа што потписниците секогаш ќе бидат без мандат да го сторат тоа! Тие што размислуваат на велепредавство поради сласт за власт и страст за пари, како и нивните ментори, мора да бидат свесни за последиците од авантурата во која ги туркаат Македонија, Балканот и Европа.

Колатерална штета од таа авантура ќе бидат прво домашните трабанти кои злоупотребувајќи ги медиумите во земјата од чии граѓани лебот го јадат, а самите се декларираа, секојдневно ги тероризираат со геноцидното барање за промена на државното име Македонија. За нивната врховистичка политика и алчност еден ден ќе мора да одговараат пред судот на историјата и народот.

Прашањето за државното име е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година и затоа Светскиот Македонски Конгрес апелира на единство за одбрана на државното име Македонија, на итен и безусловен прекин на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед Атина и на продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под единственото име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ без латинична транскрипција на македонскиот јказик туку на англиски јазик “Republic of Macedonia” со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција, за првпат во историјата окупирана од Атина во Балканските војни 1912-1913 година откога Грција континуирано врши геноцид врз македонскиот народ!

Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и расистичкото барање за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Елада, Македонците го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО!

Предлог за Советот за Радиодифузија

Со оглед на тоа што Советот за Радиодифузија не ги прифаќа нашите поплаки околу одредени содржини во медиумите предлагам да побараме самиот Совет да докаже дека нашето мислење е погрешно. Така предлагам сопругите или блиските на вработените во Советот за Радиодифузија да бидат поставени на полиграф во емисијата „Момент на вистината“. Бидејќи и покрај нашите како и многу други поплаки во врска со оваа и слични емисија сме убедувани дека се е во ред, би биле убедени дека таа емисија навистина нема ништо штетно и неморално тогаш кога вработените во СРД бидат поставени на испитување на искреноста. Истовремено полиграфот да биде контролиран од страна на неутрални гледачи, консументи на емисијата. Не би било наодмет и сопственикот на телевизијата која ја прикажува емисијата да биде повикан тој или некој од неговите најблиски да седне и да го доживееме сите моментот на вистината од оние кои ни ја сервираат таа и слични емисии побудувачи на нискострасни емоции.

Прво тие нека вкусат од она кое нам ни го сервираат. Нивните деца нека бидат гости на  реалните шоуа или да бидат прикриено снимани како реагираат кога разголени воајери им се покажуваат.